Don't Miss
Home / Култура / Се одржа “ Солстис “ фeстивалот

Се одржа “ Солстис “ фeстивалот

                       

Како дел од програмата на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, во организација на Француската алијанса, а со поддршка од општина Битола, синоќа се одржа 20 јубилејно издание на Фестивалот „Солстис“ – празникот на музиката.

На 10 сцени од Старата чаршија до Офицерскиот дом во Битола, голем број изведувачи, бендови оркестри, хорови и познати пејачи создадоа прекрасна атмосфера, токму во насока на реализација на целта на овој фестивал: да ја промовира музиката, а аматерите и професионалните музичари да се охрабруваат да настапуваат на улиците, додека концертните настапи се бесплатни за јавноста.

Фестивалот е традиционална музичка манифестација и истиот е дел од светската мрежа на овој франкофонски фестивал, познат и како Fete de la music, односно Светски ден на музиката и официјален почеток на летото. На овој ден во над 180 земји во светот каде франкофонијата има свое влијание, а голем број граѓани и музичари излегуваат на улиците, плоштадите и музицираат, пеат, танцуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*