Don't Miss
Home / Вести / Болницата Плодност доби одобрение за градба

Болницата Плодност доби одобрение за градба

                       

            Во моментот кога во Клиничката болница масовно лекарите си одат пензија или странство наскоро Битола ќе добие нова болница.

            Болницата Плодност, сопственост на д-р Таше Трпчевски денеска доби одобрение за градба и ќе можи слободно да гради.

            Откако пред неколку дена д-р Таше Трпчевски ги плати потребните средства за комуналии, во износ од  130.000 евра, градоначалникот на Битола, д-р Тони Коњановски денеска го потпиша Решението, со што му дозволи на Трпчевски  да почне со градба.        

            Со тоа случајот Плодност, кој  претходната власт предводена од Наташа Петровска го стопира, сега доби конечна разврска и Битола наскоро ќе добие нова болница.

            Инаку  градоначалничката на Битола, Наташа Петровска направи се да ја стопира градбата на новата болница Плодност, поднесувајки му дури кривична пријава на д-р  Таше Трпчевски за наводна бесправна градба.

            По речиси повеќе од една година конечно е надминат овој  случај од Наташа  Петровска и д-р Таше Трпчевски ќе може да почне да гради, со што Битола ќе добие нова болница која ќе се простира на 2,5 илјади м2

            Но скандалот што го направи Наташа Петровска со стопирањето на градбата на болницата на д-р Таше Трпчевски според некои математики му нанесе штета од околу 500 илјади евра, бидејки во изминатиот период драстично поскапеа цените не само на материјалите, туку и на услугите.

   Затоа против екс градоначалничката на Битола, Наташа петровска д-р Таше трпчевски ќе поднесе кривична пријава за андомест на штета, дознава Битолски весник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*