….многу работи, но најчесто се завршува на промотивен леток, оглас или пенкало со логотип. За жал, но така е. Поради фактот дека маркетингот не е толку едноставен, тешко е да се објасни, што е тоа маркетинг. Уште потешко е да го објасниме со еден збор. Но сепак постојат неколку едноставни дефиниции на маркетинг.
Така на пример Марк Бургес вели: „Маркетингот е процес со кој што компанијата потребите на своите корисници го трансформира во профит“.
Дејвид Мирмен Скот вели:„Маркетингот е многу, многу добро разбирање на сопствените купувачи. Па потоа креирање на корисни производи, услуги и информации, специјално наменети за нив, за да им помогнат во решавањето на нивните проблеми“.
Ова е и самата срж на маркетингот, бидејќи секоја компанија живее поради фактот што ги решава проблемите на своите клиенти, но пред да го реши проблемот мора навистина да го разбере што е нивниот проблем, кој што може да биде решен.
Постои уште една дефиниција која убаво го опишува маркетингот, која што е дадена од страна на Стив Давсон:„Маркетинг се производи кои што не се враќаат и потрошувачите кои што се враќаат“. Кратко и јасно!
Која е Вашата дефиниција на маркетингот?
Извор: pedya.rs
… во следниот број Совет #6: Рекламите комуницираат со …?