Home / Uncategorized / Побарана смена на претседателката на Советот на Битола

Побарана смена на претседателката на Советот на Битола

Советникот на НСДП Битола, Благојче Котевски и здружената опозиција, на денешната седница на Советот побараа на дневен ред да се стави точка за интерпелација на претседателката на Советот на општината, д-р Силвана Ангелевска.

Поводот за интерпелација на претседателката на Советот според Котевски бил тоа што наводно Силвана Ангелевска, Советот го ставила во служба на стручната служба на општината, а особено нејзиното однесување на последната седница на Советот, кога се смеела на неговото излагање на говорницата, а нејзиното такво однесување го регистрирала камерата и станало хит на “ Јутјуб”.
-Советот треба да биде храм, а не срам на демократијата. На последната седница благодарение на претседателката Ангелевска се симна нивото на дебатата. Тоа беше регистрирано на видео кое на “он лајн” беше видено од преку 50.000 посетители,рече образложувајќи ги причините за интерпелација, Благојче Котевски.
Советниците на мнозинството на Советот, кои се спротиставија на поднесената интерпелација, ја отфрлија таквата иницијатива и гласаа против ставањето на таквата точка на дневен ред.
Во својата изјава за медиумите д-р Силвана Ангелевска меѓу другото рече:

-Иако не можам да ги разберам причините зошто беше поднесена интерпелацијата, сепак според мене да се побара доверба на носител на јавна функција е легитимно право на секој советник, а легитимно право е на Советот со мнозинство на гласови поставувањето на прашањето за доверба да го стави на дневен ред, или да го отфрли, рече претседателката на Советот д-р Силвана Ангелевска.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*