По отстранувањето на диво поставените монтажни гаражи во центарот на градот, локалната самоуправа на Битола реши да се оттараси и од хаварисаните возила.
ЈП “Паркинзи“ Битола во соработка со Општина Битола почна со дислоцирање на хаварисани возила.
Најголем дел од возилата граѓаните требаше самостојно ги отстрануваат по доставувањето на првата опомена.
Но со оглед на тоа што многу од граѓаните се оглушиј на таквата обврска, ЈП “ Паркинзи “ Битола по изминувањето на роковите со својата пајак служба истите ги дислоцира.