На иницијатива на градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски и Советот на општината Новаци, како минатата така и оваа година, набавени се 24 таблети за децата од четврто одделение при ОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци.
-Бидејќи минатата година набавивме таблети за четвртоодделенците на барање на родителите, го направивме истото и оваа година за 24 ученици во ЦОУ “Славко Лумбарковски“. Мојата заложба за вложување во децата и во нивното образование ќе продолжи и понатаму се разбира во можностите на Општина Новаци. “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
Инаку оваа програма беше усвоена минатата година најпрво за прво и четврто одделение ,а планот на Министерството за образование е реформата да се спроведе етапно и во другите одделенија од основното образование.
-Врвен интерес е да се подигне квалитетот на образованието за да одговори на предизвиците на новото време зашто пандемијата покажа колку е важен капацитетот на образовниот систем да се менува, приспособува и осовременува. За подготовка на следната генерација за новото време потребна е дигитализаци на образованиот систем со која ќе се дефинира современата наставата со примена на средставата за електронска комуникација. “ рече Вецко Стојчевски, директор на ОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци.