Don't Miss
Home / Вести / Новогодишната ноќ помина во магла и многу желби

Новогодишната ноќ помина во магла и многу желби

               

        Најголемиот број битолчани  се збогуваа со Старата 2022 и ја дочекаа Новата 2023 година во домашна атмосфера и во битолските локали и ресторани.

        Во организација на Општината Битола, централната манифестација за испраќање на Старата 2022 и дочекот на Новата 2023 година се случи пред Офицерскиот дом, каде присутните ги забавуваше групата Љубојна и Исмаил Лумановски.

        На сите присутни на платото пред Офицерскиот дом среќна Нова 2023 година им посака градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој им посака многу здравје,лична среќа и љубов во животот.

        Инаку новогодишната ноќ во Битола, според  информациите од СВР Битола и директорот на Клиничката болница, Александар Обедниковски помина во весела, но  мирна атмсфера и без некои посебни нарушувања на јавниот ред и мир.

       

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*