Home / Вести / Блок 1 на РЕК Битола утрово е вратен на мрежа

Блок 1 на РЕК Битола утрово е вратен на мрежа

По завршувањето на сервисно – ремонтни активности Блок 1 на РЕК Битола утрово е вратен на мрежа. Постројката е во функција и работи со максимален капацитет.   

РЕК Битола во моментов работи со два од трите блока. Покрај Блок 1, во функција е и Блок 2, а на Блок 3 во тек се активности за монтажа на новиот трансформатор.

Како што во повеќе наврати известивме, годинава заради енергетската криза во која се наоѓа државата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на делови од блоковите се изведуваат кога ќе се укаже можност за тоа, без притоа да се загрози стабилноста на постројките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*