Don't Miss
Home / Вести / Оставка на заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски

Оставка на заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски

       

        По соопштението на партијата на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов дека нема да ј поддржи  реконструкцијата на Владата, денеска оставка на својата функција си поднесе членот на оваа партија и заменик министер за локална самоуправа Зоран Димитровски.

        Во неотповикливата оставка Димитровски како причини за напуштањето на  Владата ги наведува аргумените од соопштението на Демократската партија, во кое се вели:

-Демократскиот сојуз, по седницата на Претседателството и Централниот совет, донесе одлука да не ја поддржи реконструкцијата на Владата и да го напушти парламентарното мнозинство. Одлуката за ваквиот чекор, како што рече Трајанов, е неисполнување на програмските цели утврдени и усогласени со СДСМ пред изборите во 2020 година.

Централниот совет заклучи дека ниту една од програмските цели  на ДС дефинирани низ  партиски органи и тела ,кои беа усогласени со СДСМ пред изборите во 2020 година, но и пред формирањето на оваа влада, не е имплементирана се вели во соопштението на ДС.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*