Don't Miss
Home / Вести / Ќе се бориме се додека не се обелодени вистината за смртта на Јана

Ќе се бориме се додека не се обелодени вистината за смртта на Јана

                 

Вечерва во Битола, на плоштадот “Магнолија “ се одржа вториот протест по смртта на малата  Јана, која почина пред две недели во Клиничката болница во Битола.

        На протестниот митинг, кој се одржа на плоштадот Магнолија присутните го искажаа својот револт од нејаснотиите за смртта на Јана.

        -Вистината не  е ни навидум на виделина .

 По се очигледното замајување на јавноста и  искривувањето на вистината останува сомнежот во институциите  и фактите кои  сакаат да ги искриват.

Тоа нема  да дозволиме  да им помине.

 Бараме одговорност, бараме оставки  сега и веднаш.

        Стоиме позади секој кажан збор и сведоштво на родителите на Јана. Ќе се  бориме  да  се обелодени вистината, а  обвинителството да ја донесе вистинската одлука.

        Бареме јавен настап на сите членови од првата комисија на ДЗЦИ и втората комисија како стручен инспекциски надзор на една од националните телевизии да одговoрат на сите поставени прашања во програма која ке оди во живо, и на која граганите  ќе можат да поставуваaт прашања  беше порачано од проестниот митинг.

        По обраќањето на организаторот на протeстот Игор Петковски присутните се упатија кон Офицерскиот дом од каде пуштија балони со срца на кои беше испишано името на Јана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*