Home / Вести / Васко Ковачевски, првиот човек на АД ЕСМ поднесе оставка

Васко Ковачевски, првиот човек на АД ЕСМ поднесе оставка

                       

По четири години на функцијата, Васко Ковачевски си поднесе оставка од директорското место во ЕСМ-

Откако на прес конференција даде отчет за сработеното во минатата година, со премиерот Димитар Ковачевски соопштија дека ја напушта позицијата поради лични причини. Планирал да си замине уште лани, но го премислиле поради енергетската криза за која и двајцата оценија дека успешно ја изменаџирал. Откако оставката ќе биде констатирана, Ковачевски ќе остане како вработен во ЕСМ, а на следната владина седница за нов директор ќе биде именуван Васко Стефанов кој досега беше директор на АД Водостопанство и Македонски пошти.

Директорот на ЕСМ во оставка рече дека зад себе остава компанија која минатата година остварила добивка од 41 милион евра, максимално ги задоволила потребите за струја, со дневно домашно производство рекордно во последната деценија. Финансиските извештаи според Ковачевски ги демантирале обвинувањата на експертите за енергетика кои предвидуваа поскапа струја, рестрикции и недостаток на топлинска енергија за скопјани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*