Don't Miss
Home / Вести / Лажна вест на А 1 он за нов смртен случај на бебе во Битолската болница

Лажна вест на А 1 он за нов смртен случај на бебе во Битолската болница

            Веста објавена на порталот А 1 он дека во Битола починало уште едно бебе ја вознемири битолската јавност.

            -Уште еден смртен случај во болницата во Битола. Бебе починало само два часа од породувањето.Мајката која има 24 години ова и била прва бременост. Вчера била примена во болницата со породилни болки, а во текот на бременоста немала никакви проблеми и имала нормален тек на бременоста.Според лекарите пак, станувало збор за исклучително тешко породување и дека состојбата на бебето била уште веднаш многу сериозна. И покрај напорите за реанимација бебето починало по само два часа.

Мајката е во релативно добра здравствена состојба.

Најавено е во текот на утрешниот ден во битолската болница да дојде тим од Државен здравствен и санитарен инспекторат, комисија од инспектори и ќе утврдат што било точно причината за смртта на бебето.Според информациите со случајот е запознаен и министерот за здравство кој веќе разговарал и со мајката и со лекарите и најави испитување на случајот, стои во денепната вест на А 1 он.

            Во битолската болница по објавувањето на ваквата вест се шокирани од  истата.

            Од Гинеколошкото одделение  и директорката на Болницата,  Елизабета Ивановска тврдат дека таков случај нема и дека веста објавена на А 1  не  е точна.

            Чудно е како порталот А 1 он објави ваква непроверена  лажна вест, со која повторно предизвика вознемиреност кај битолчани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*