Don't Miss
Home / Вести / Битолскиот универзитет и општина Битола го промовираа задничкиот проект “ Универзална летна пракса“

Битолскиот универзитет и општина Битола го промовираа задничкиот проект “ Универзална летна пракса“

Денес во  Офицерскиот дом во Битола  беше промовиран заедничкиот проект на Битолскиот унивезритет и локалната самоуправа “ Универзална летна пракса“

Ово проект покрај од Општината и УКЛО е поддржѝн од  јавните институции во градот, Локалниот економско социјален совет на Општина Битола, бизнис заедницата, Регионалната стопанска комора, граѓанскиот сектор и креативците од градот.

Со овој проект се  поттикнува иницијативноста со обезбедување на можности за квалитетно образование, личен и кариерен раст и развој преку користење на програмите за мобилност, неформално образование, програмите за стартапи, можностите за доквалификација и прекфалификација, како и со користење на програмите на институциите и граѓанскиот сектор.

            На овој начин преку социјален дијалог се создаваат услови за економска и социјална стабилност.

            На  „Отворениот ден“, свое обраќање имаше ректорот Игор Неделковски, а беа потпишани и договори за соработка.

-Успешноста во едно општество се создава само преку заедничко делување на сите релевантни фактори кои имаат за цел да изградат здрави, едуцирани личности, за потоа токму тие млади луѓе да бидат движечка сила за успешната иднина на местото во кое живееме, за иднината на нашиот град.Токму денешниот настан, претставува едно вмрежување на младоста, искуството, иновативноста, креативноста со можностите и перспективите за напредок. Заедничката заложба на сите нас, кои на различен начин сме вклучени во овој настан, има единствена, но сложена цел: Да обезбедиме силна мотивација, за учениците и студентите, својот интелектуален потенцијал и вештини соодветно да ги насочат и да продолжат да бидат дел од развојните процеси на нашата Битола.

Инаку  ова е прв пат во 44 годишнината од основањето на Битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“ да се организра ваков заеднички проект за вмрежување на општината, локалниот – економско социјален совет, УКЛО, Центарот за вработување, Регионалната стопанска комора, Младинскиот културен центар, Преда фондација и преку директно вклучување на бизнис секторот, изјави ректорт на Битолскиот унивезритте Игор Неделковски.

Како локална самоуправа, во овој контекст, годинава, покрај заедничката реализација на „Отворениот ден“, за првпат во партнерство со универзитетот, спроведуваме уште еден проект „Универзитетска летна пракса“, со кој овозможуваме заинтересираните студенти, за време на летниот период, да се стекнат со практични знаења и вештини, преку работно ангажирање, за одреден надомест во општината и јавните претпријатија.

Ваквото искуство на „учење низ работа“, е од заеднички бенефит за сите кои сме дел од овој проект. Сакам да им посакам многу успех на студентите кои веќе покажаа интерес и се избрани на јавниот повик и да ги мотивирам и другите заинтересирани да бидат дел од ваквите активности кои имаат за цел практична едукација низ која стекнатите знаења и вештини имаат голема вредност, рече градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Во рамките на овој проект повеќе од 20 компании ќе промовираат повеќе од 100 отворени работни позиции за различни профили на граѓани, преку познатата програма Ден на кариера.

            Преда Плус Фондацијата ќе промовира програма за поддршка на стратапи во AgriTech i TourTech. Преку оваа програма, младите се мотивираат да останат во Битола и да студираат на УКЛО, да се едуцираат, да започнат свој сопствен бизнис или да се вклучат во едукативни програми и да работаат на сопствениот кариерен раст и развој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*