Недоразбирањата меѓу градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска продолжуваат.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, попладнево на прес конференција и со писмена иницијатива, ја повика претседателката на Советот, Габриела Илиевска, да почне со работа во интерес на граѓаните кои и ја дале довербата, а со тоа да запрат кочниците и блокадите на општината.
Во писмената изјава упатена до битолската јавност градоначакникот Коњановски меѓу другото истакна.
Почитувани граѓани,
-Моја должност, но и обврска на сите нас кои сме ја добиле довербата од вас, е да работиме, да се фокусираме на проекти и одлуки, со кои Битола ќе напредува, со кои ќе се реализираат активности и ќе се подобруваат условите во општината. За жал, како никогаш досега, имаме ситуација во која, претседателката на Советот, во континуитет, веќе 2 месеци, личните желби и интереси, ги става над потребите на граѓаните. Искажувајќи некакво незадоволство од локалната самоуправа, останува на функцијата за која е платена со пари на битолчани и се обидува да докаже некаква своја правда, дури и кога не само јас како градоначалник, советниците и општинските служби, туку и повисоките државни институции и укажуваат дека постапува погрешно.
Покрај донесеното решение од Државниот инспектор за локална самоуправа, претседателката одбива да постапи по истото и да ги стави на дневен ред точките за Програмата за работа на ТППЕ Битола,програмата за финансирање и изработка на урбанистички планови, што е директно поврзано и со потребите на бизнис секторот од Битола, како и измените н а Програмата за развојни планови, со што ќе се овозможи уредување на просторот кај поранешен ЈАТ.
Блокадите и кочниците всушност покажуваат дека да се работи ПОИНАКУ, значи да се покажува самоволие, ароганција и фрустрации и сето тоа на штета на сите нас,Битола и битолчани. Ваквата ситуација мора да се промени. Затоа, до претседателката на Советот испратив иницијатива за брзо постапување по забелешките на државниот инспектор и ставање на наведените точки на дневен ред, меѓу кои е и точката за донесување на одлука за утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња на јавни површини.
Општина Битола, мора да продолжи да функционира, а секој кој не е подготвен за одредена функција, треба да најде начин тоа да им го образложи на граѓаните.
Проектите ќе продолжат, а Битола ќе напредува. Очекувам ова да биде желба и начин на делување и на претседателката на Советот, зошто на тоа јавно се обврзала. -Моја должност, но и обврска на сите нас кои сме ја добиле довербата од вас, е да работиме, да се фокусираме на проекти и одлуки, со кои Битола ќе напредува, со кои ќе се реализираат активности и ќе се подобруваат условите во општината.
Општина Битола, мора да продолжи да функционира, а секој кој не е подготвен за одредена функција, треба да најде начин тоа да им го образложи на граѓаните, истакна во своето јавно обраќање до битолската јавност градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
И покрај сите настојувања да добиеме одговор од претседателката на Советот, Габриела Илиевска за обвинувањата од страна на Тони Коњановски не успеавме да ја добиеме.