Home / Вести / Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов со дел од раководството одржа состанок со претставници на КФ Банка

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов со дел од раководството одржа состанок со претставници на КФ Банка

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов, заедно со директорката на правни и општи работи, Душица Сеизовска Јовановиќ и директорот на развој и инвестиции Благој Гајдарџиски одржаа работен состанок со високи претставници од Кредитната Банка за обнова – КФВ.

На состанокот посебен акцент се стави на тековните активности кои се извршуваат во соработка и поддршка од КфВ Банка, Ветерниот Парк Богданци, ревитализацијата на шест големи хидроелектрани помеѓу кои ХЕ Вруток, ХЕ Врбен, ХЕ Равен, ХЕ Тиквеш, ХЕ Шпилје и ХЕ Глобочица,  топлификација Битола кој е многу значаен проект за граѓаните од Битола, Могила и Новаци, како и други проекти кои се во тек и се планираат за наредниот период.

Посебно се истакна потребата од инвестициите во обновливи извори за енергија, дека сега е вистинското време ако се земе во предвид дека во нашата земја немало никакви инвестиции на ова поле во изминатите 30 години.

АД ЕСМ продолжува да се движи кон зеленото сценарио и ќе се стреми во иднина да бидеме енергетски независна земја која произведува електрична и топлинска енергија од обновливи извори на енергија.

Поддршката и соработката со институции како КфВ е од клучно значење и ќе придонесе за побрза и полесна транзиција кон Зелената агенда за Западен Балкан, со заложбата за транзиција кон чиста енергија, која има цел намалување на емисиите на стакленички гасови за 61 проценти

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*