Don't Miss
Home / Вести / Анета Блажевска добитничка на новинарска награда на ЗНМ

Анета Блажевска добитничка на новинарска награда на ЗНМ

                       

            Битолската новинарка на порталите Независен и Апла мк Анета Блажевска  е добитничка на новинарска награда на ЗНМ.

Наградата Блажевска ја доби за текстот  Како Мал битолски Монмартр” ја пречекори ликовната граница и премина во политиката”.            Ова високо новинарско признание на Блажевска и беше доделено на  свеченоста на  Здружението на новинарите на Македонија по повод одбележувањето на 78 годишнината од неговото формирање.

 Комисијата за награди во состав Жана Божиновска, Ристо Тасев и Ведат Мемедалија, наградата за животно дело  и ја додели на Соња Николовска,  за истражувачко новинарство Јасар Еребара” на Мирослава Симоновска за сториите Клиниката за Онкологија во 2017 година го фрлила во подрум системот за следење на цитостатици кој оневозможува да се крадат дози” и  Потресен исказ за Онкологија во судница  и Ирена Мулачка за вестите во низа за скандалот со клиниката за онкологија во Скопје, а награда за новинарско известување на теми од локално и регионално значење замина во рацете Анета Блажевска за сторијата Како Мал битолски Монмартр” ја пречекори ликовната граница и премина во политиката”.Признанија им  беа доделени и на новинарите Петар Клинчарски, Фисник Џелили, Горан Антевски и  од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*