Полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 40 годишниот битолчанец со иницијали П.К. откако со трактор се обидел да влезе во казино во Битола.
Битолчанецот се сомничи дека вчера на 18.03.2024 околу 23.35 часот со трактор оштетил влезна врата на казино во Битола, како и неколку столбчиња од парк пред влезот на казиното. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Битола.
Tagged with: битолчанец казино СВР Битола