Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на завршните активности за реконструкција на улица „Захарија Шумљанска“.
-Со асфалтирањето на улицата, проектот се финализира, со што се реализира долгогодишното барање на граѓаните, за обезбедување на соодветен пристап до Светонеделските гробишта-информираат од Битолската локална самоуправа.
Оттаму додаваат дека за реализацијата на овој проект во должина од 1453 метри, локалната самоуправа инвестираше 24.400.000 денари.