Don't Miss
Home / Вести / Пеце Милевски: Доста е од корумпирани политичари, на кои политиката им е бизнис

Пеце Милевски: Доста е од корумпирани политичари, на кои политиката им е бизнис

Верувам во промени, во горда Македонија!- рече Пеце Милевски кандидат за пратеник на ВМРО- ДПМНЕ на вчерашниот митинг  во Битола, што се одржа на плоштадот „Магнолија“. 

-Верувам во промени, верувам во човекот кој од партијата кои многу фактори посакуваа да ја снема, тој со мудрост и трпение направи партија која победува! Веруваме во вас Христијан Мицкоски! Нема сомнеж дека како што сега победува ВМРО-ДПМНЕ, ќе победува и Македонија, рече Милевски пред битолчани. 

Тој се обврза дека ќе ја оправда довербата дадена од Мицкоски, честа од ВМРО-ДПМНЕ и сите  битолчани, вложувајќи го, како што рече – сиот капацитет, учејќи и работејќи како и во минатиот период. 

-Доблеста  е категорија која обврзува да работиме заедно со обврска да ги чуваме интересите на сите граѓани на Македонија и за напредок на Битола. Јас сум вашиот глас, глас во артикулирањето на јавните политики, партнер во решавањето на предизвиците. Доста е од корумпирани политичари на кои политиката им е бизнис. Политиката не смее да биде средство за богатење на грбот на народот.  Втората рабата се промени, и проекти во практикување на политика во почитување на волјата на граѓаните, донесувањето на одлуките, во доследноста на ветувањето. На крајот да ви кажам дека сум горд дека во најпресудните и најцрните премрежја го изодевме најтешкиот пат, рече Милевски.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*