Па со купувачите, се подразбира. Со кој друг инаку?
Купувачот ја гледа рекламата, оди до својата продавница и го купува производот….тоа е тоа.
А што ќе правиме со следната состојба: „Го сакам колачето кој што го видов на телевизија!“ Мама го сакааам!!! Купи ми го, купи ми го….„ и мајката оди до продавницата и го купува. Со кој комуницираше рекламата? Со мајката? Не? Па таа го купи производот…..?!
Или следниот пример: „Митко сине, ајде иди до продавницата и купи ми едно пиво…“. Со кој комуницираше рекламата? Со Митко? Не? Па тој го купи пивцето?!
Аха, значи рекламата комуницира со корисникот? Тој обично не е тој кој што купува, но тој е оној кој што троши и кој што го користи производот, со него треба да комуницираме! Логично нели?
Но што ќе правиме кога имаме следно сценарио: „Ленче, ајде оди до продавницата и купи витамини, храна за кучето……“? Со кој тогаш рекламите комуницираат? Со кучето? Со мачката? Со златното рипче? Не? Тие не се прашуваат? Но тие го користат производот..нели?
Па добро тогаш со кој комуницираат сите тие реклами?
Извор: pedya.rs
… во следниот број Совет #7: Зошто Ви е потребен SEO?