Don't Miss
Home / Вести / Ден на културата во сообраќајот

Ден на културата во сообраќајот

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата секоја година го одбележува 11 мај – Денот на културата во сообраќајот со цел подигнување на свеста на сите учесници во сообраќајот за законско, етичко и толерантно однесување, со што ќе се постигне и поголема безбедност на сообраќајот на патиштата.


Денот на културата во сообраќајот се одбележува ширум светот од 11 мај 2015 година кога во Унгарија, со поддршка на Светската здравствена организација, за првпат се организираше настан во чест на подигнувањето на свесноста за значењето и влијанието на сообраќајната култура врз безбедноста во сообраќајот.

И РСБСП секоја година реализира превентивно-едукативни активности за сите категории учесници во сообраќајот затоа што секој од нив директно влијае врз одвивањето и безбедноста на сообраќајот на патиштата.


Сообраќајната култура претставува начин на однесување на секој учесник во сообраќајот, како и сфаќање на однесувањето на другите учесници во насока на побезбедно одвивање на сообраќајот, односно намалување на непријатните ситуации и минимизирање на сообраќајните незгоди и повредите во истите.

Таа се стекнува уште од најмала возраст, а во нејзиното инкорпорирање значајна улога играат семејството и воспитно-образовните институции.

Затоа РСБСП особено внимание посветува на спроведувањето на превентивно-едукативни активности за најмладите преку спроведување на кампањи за поголема безбедност, како и за едукација во врска со сообраќајните правила и прописи и одговорното однесување во сообраќајот. Кампањи и активности се реализираат за сите категории учесници во сообраќајот, а се подготвува и разновиден превентивно-едукативен материјал.


РСБСП се залага за изградување на систем на вредности во функција на добробит и заштита на интересите на сите учесници во сообраќајот преку зголемување на сообраќајната култура, етиката и толеранцијата во сообраќајот. Токму затоа, на Денот на културата во сообраќајот, РСБСП упатува апел:

Бидете внимателни и одговорни учесници во сообраќајот. Сообраќајната култура е основен предуслов за намалување на сообраќајниот метеж, намалување на бројот на сообраќајни незгоди и настраданите лица во нив. Заеднички да придонесеме за подигнување на сообраќајната култура и за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.“

Комерцијална објава

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*