Don't Miss
Home / Вести / Пред 18 години, кога само надежта останала, се роди малата Спасија која израсна во прекрасна млада девојка

Пред 18 години, кога само надежта останала, се роди малата Спасија која израсна во прекрасна млада девојка

Пред 18 години, кога само надежта останала да биде најголемиот водич, Прим. д-р Таше Трпчевски помогна да се создаде еден нов живот.

Благодарение на ИВФ постапката, едно мало срце започнало да чука, а сонот на мајката стана реалност.

Тоа мало срце, малата Спасија, денес стои пред нас – прерасната во прекрасна млада девојка, која со насмевка се врати на местото каде што започна нејзината приказна. Со топлина во срцето и длабока благодарност, таа дојде лично да му се заблагодари на човекот кој го започна нејзиниот животен пат-стои во информацијата на најсовремената болница „Плодност“ Битола споделена на социјалната мрежа Фејсбук.


Со гордост и емоции, нејзината мајка на социјалните мрежи напиша:
Патот кон невозможното стана реална среќа.“
На ѕидот исполнет со илјадници ИВФ бебиња, каде секоја фотографија е дел од нечиј најголем сон, стои и нејзината слика – како симбол на вера, надеж и љубов што продолжува да инспирира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*