Don't Miss
Home / Градска хроника / Граѓаните активно вклучени во креирањето на општинскиот буџет преку програмата “Форуми во заедниците“

Граѓаните активно вклучени во креирањето на општинскиот буџет преку програмата “Форуми во заедниците“

Денеска во Општина Новаци  се одржа третата сесија од проектот “Форуми во заедниците“ чија главна цел е транспарентно и отчетно работење на Општината, и активно вклучување на граѓаните во креирањето на општинскиот буџет.

forumi 4

-До крајот на годината ќе се одржат уште две сесии во рамки на овој проект. Ова е одличен проект за општините, бидејќи граѓаните од прва рака се запознаваат на кои проекти ќе им се даде приоритет при креирањето на општинскиот буџет за наредната година, да влезат и нивните предлози. Многу од идеите на граѓаните се остврливи и ќе се земат предвид во буџетот за 2015 година- изјави градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

Општината Новаци и без овој проект, досега ги консултираше граѓаните и нивните предлози секогаш ги земаше предвид и речиси над 80 проценти од предлозите од граѓаните беа прифатени како проекти во буџетот и се реализираат.

 

forumi 5

Граѓаните најмногу предлози даваат за инфраструктурни проекти, и капитални инвестиции: систем за нaводнувaње, реконструкцијa нa цевководот нa aкумулцијaтa од РЕК, локaлни пaтиштa, итн, посочи грдоначалникот Котевски.
Тој најави дека наскоро ќе започнат со изгрдба на канализациони мрежи во селата: Добромири, Гермијан, Бач, Рибарци, подолгорочни проекти кои ќе се завршат најдоцна за две години.

Ирена Николовa, координатор на програмaта “Форуми во заедниците“ ј пофали општината Новаци за оргнизирањето на форумските сесии и што  приоритет им дава на предлозите на граѓаните што е целта на проектот. При неговата реализација помага Швајцарската Агенција за развој и соработка и во 57 општини ја имаат вметнато “форуми во зедниците“ како алатка за граѓанско учество во општините.

forumi 3

Граѓаните од Општина Новаци се задоволни од учеството, бидејќи ваквиот начин со активно  вклучување на граѓаните е од големо значење .

-Јас предложив да се реализираат проекти од образованието како изградба на градинка и реализација на други проекти од образованието- исткна учесничката во прогрмата,  Оливера Најдовска.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*