Општина Битола ги известува граѓаните дека согласно временото сообраќајно решение – фаза 7 и фаза 8 од дополнувањето на основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај при реконструкција со доградба на дел од ул. „8 ми Септември“, ќе биде извршено целосно затворање на споредната улица „Широка“.
Затворањето ќе се спроведе во периодот од 28.02.2025 до 07.03.2025 година, со цел безбедно и непречено изведување на градежните работи поврзани со изградба на мешовита канализација, дренажа на коловозот и водоводна мрежа.

Изведувачот на градежните работи, апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на поставената привремена сообраќајна сигнализација.

Работните активности кои се спроведуваат како дел од изградбата на влезот во Битола, се однесуваат на Проектот „Реконструкција на линиска инфраструктурна градба на улица „8 ми Септември“ и тоа: Реконструкција со доградба на коловоз во должина од 840 метри, изградба на атмосферска канализација, реконструкција со дислокација на мешовита канализација на дел од улицата во должина од 732, 30 метри, изработка на куќни приклучоци на мешовита канализација во должина од 87,87 метри, реконструкција со дислокација и изградба на водоводна мрежа на дел од улица „8 ми Септември“ и изградба на улично осветлување на дел од улица „8 ми септември“ во Битола.