По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на Велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.
„МЕПСО повторно ќе ги активира празничните мерки-можно исклучување на фотоволтаици за стабилен систем. За да обезбедиме стабилен електроенергетски систем за претстојниот празник 1 Мај, побарав од МЕПСО и РКЕ повторно да ги активираат мерките што веќе успешно ги применија за време на велигденските празници. Со претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, и заменик-директорот на МЕПСО, Александар Пауновски, одржавме вонреден состанок на кој се договоривме МЕПСО да може навремено да интервенира доколку е потребно-вклучително и со наизменично исклучување на дел од фотоволтаичните централи поврзани на преносната и дистрибутивната мрежа. Овие мерки за првпат беа применети за Велигден -и покажаа резултат. Се спречи блек-аут и имавме непречено снабдување со струја. Состојбата во мрежата останува ризична, а наш приоритет е стабилноста и сигурноста во снабдувањето-информираше министерката за енергетика Сања Божиновска.