Don't Miss
Home / Вести / Мицкоски: 80 општини поднеле околу 900 апликации за реализација на проекти

Мицкоски: 80 општини поднеле околу 900 апликации за реализација на проекти

„Дозволете ми да споделам со вас една убава вест, а тоа е дека, ме информираше министерот за локална самоуправа дека заклучно со денеска, практично бидејќи имаше неколку денови оставени за по пошта да стигнат проекти, сите општини, 80 општини поднесоа апликации за реализација на проекти од вториот повик“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Претседателот Мицкоски посочи дека скоро 900 апликации од 80 општини се поднесени за реализација на проекти.

„И можам да кажам дека сега имаме близу 900-тини само од вториот проект. Или кога ќе се соберат од првиот и вториот повик заедно, тогаш ќе имаме вкупно 1.200. Тоа се 1.200 градилишта во Македонија. Тоа е историска, би рекол вековна работа. И тоа го правиме за идните генерации, но, и за денешните генерации кои што заслужуваат подобри услови за живот“, истакна тој.

Мицкоски порача дека како Влада ќе продолжат да инвестираат во развој на општините.

„Ние ќе продолжиме да реализираме и во периодот кој што следи и очекувајте многу убави вести, следниве неколку месеци, за граѓаните и за Македонија како држава, бидејќи ќе повторам добро е да се гради, тоа е она за кое што не избрале граѓаните“, дециден е премиерот Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*