Don't Miss
Home / Вести / Се огласи Трамп по изборот на новиот папа: Голема чест за нашата земја

Се огласи Трамп по изборот на новиот папа: Голема чест за нашата земја

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денес му честиташе на новиот папа Лав 14 за изборот за нов поглавар на Католичката црква, наведувајќи дека е „голема чест“ што тој е првиот американски папа.

Американскиот кардинал Роберт Превост, кој денес го зеде името Лав 14 откако беше избран за папа на конклава во Ватикан, е по потекло од Чикаго.

Честитки до кардиналот Роберт Франсис Превост, кој штотуку беше назначен за папа. Голема чест е да се дознае дека тој е првиот американски папа. Каква возбуда и каква голема чест за нашата земја. Со нетрпение очекувам да се сретнам со папата Лав 14. Тоа ќе биде многу значаен момент“, напиша Трамп во објава на платформата „TruthSocial“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*