Don't Miss
Home / Вести / Здружението „Сумнал“ организираше работилница за подигнување на свеста за психолошките аспекти од употребата на алкохол и наркотични средства

Здружението „Сумнал“ организираше работилница за подигнување на свеста за психолошките аспекти од употребата на алкохол и наркотични средства

Деновиве, Здружението за развој на ромската заедница во Македонија „Сумнал“ во Битола одржа едукативна работилница со младите учесници на проектот, посветена на подигнување на свеста за психолошките аспекти од употребата на алкохол и наркотични средства.

Психологот м-р Марија Младеновска Димитровска ги водеше младите низ теми поврзани со симптомите, однесувањето и последиците што зависноста ги предизвикува кај поединецот, семејството и заедницата.

Работилницата заврши со интерактивна сесија каде учесниците создадоа изјави и пораки кои испраќаат јасна порака: „Избери здрави одлуки!“

Проектот е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку програмата Европски солидарен корпус на Европската унија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*