Трајан Ивановски од Битола, кој живее на улица “ Димитар Влахов” бр.49 е добитник на станот во Скопје, во рамките на наградната игра на Министерството за финансии “ Фискална во рака, награда без мака”.
Вечерва, во директен пренос на Македонската радио телевизија од илјадниците пристигнати пликови со фискални сметки, во огромното студио на МТВ, Трајан Ивановски ја доби главната награда на оваа наградна игра, стан во Скопје.
И овојпат се покажа дека битолчани имаат среќа во игрите на среќа.
Б.В.