Don't Miss
Home / Uncategorized / Одложено преименувањето на спортската сала “Младост“

Одложено преименувањето на спортската сала “Младост“

Иницијативата на советничката на ВМРО Народна партија, Габриела Илиевска, спортската сала “Младост“ во Битола,  во иднина да го носи името на неодамна починатиот ракометар на Пелистер, Боро Чурлевски, не помина на денешната седница на Советот на Општина Битола.
Со мнозинство гласови, советниците, на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, иницијативата ја вратија до Комисијата за спорт и млади, која треба да се произнесе околу истата.

sovet 2

Дури и по три паузи , советниците не ги усогласија своите ставови околу оваа иницијатива спортската сала “Младост“ да се преименува во Боро Чурлевски.
Ваквиот исход на седницата, советниците од опозицијата го толкуваат на тој начин што сметаат дека иницијативата не доби поддршка заради тоа што е предложена од опозицијата, додека мнозинството во Советот смета дека за иницијативата да биде поддржана треба да биде консултирано семејството на Чурлевски и битолската спортска јавност.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*