Don't Miss
Home / Македонија / Ахмети: Поделбата на Македонија не е во интерес на Албанците од Македонија

Ахмети: Поделбата на Македонија не е во интерес на Албанците од Македонија

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера вечер во емисијата „Патот кон“ во Алсат-М зборуваше за настанот кој се случи минатата недела во Дива населба во Куманово, каде што беа убиени 22 лица, од кои 8 полицајци.

Тој тврдеше дека ги знаел некои од припадниците на вооружената група и изјави дека не може да сфати како овие луѓе ризикуваа една цела населба, а и себеси.
– Сами ( Укшини)  го запознав во 2001 и по завршувањето на војната не знам дали сум го сретнал повторно. Тој е мирен човек не е еуфоричен. И другите кои ги спомнавте ги знаев освен Дем Шеху. Доаѓале и го посетиле седиштето на ДУИ. Никој не негира дека биле наши другари и никој не ја негира нивната активност. Не можам да сфатам како можеа ови e  луѓе да го направат тоа. Како можеа овие луѓе да влезат и да ризикуваат една цела населба, а и да ги жртвуваат нивните животи. Кој беше нивниот идеал?, рече Ахмети во емисијата „Патот кон“.
Тој кажа дека за настанот во Куманово дознал преку телефонски повик, кој го добил во 10:20 часот и му побарале помош за отстранување на групата од местото на настанот.
Ахмети раскажа и за преговорите за предавањето на вооружената група и за телефонскиот разговор што го имал со извесен  Мухамед Красниќи.
– Во 10:20 часот ми пристигна смс каде пишуваше – јас сум на местото на настанот. Се јавив и ми рече: претседател e јас сум на местото на настанот, помогнете ни, помислив дека е некој од граѓаните од таа населба. Ми рече: Ве молам помогнете ни. Се потресов. Каде си?, прашав, ми одговори тука во борбите. Што да ви помогнам. Тој потоа ми рече: сме згрешиле, Али Ахмети дојди и отвори ни го патот. Ниту го прашав ниту се претстави кој е. Зборуваше смирено. По еден час повторно имав повик. Ги повикав сите луѓе за да дојдат во седиштето и да разгледаме некоја опција. Јас им реков дека не можам да одговорам на вашето барање за отворање на некој коридор бидејќи може некој да ве убие, раскажа Ахмети.
За Сулејман Османи кој и побегна на македонската полиција, еден ден откако вооружената група и се предаде на полицијата,  Ахмети вели дека не го познава, но слушнал оти бил уапсен од ОНА во 2001 година, и оти сега се наоѓа во Косово.
Ахмети вели дека неколку роднини и пријатели од уапсените од Косово  му се јавиле за да добијат повеќе информации од него за случувањата во Кумaново.
Според Ахмети, поделбата на Македонија не е во интерес на Албанците во Македонија, додавајќи дека во нивен интерес е целосно применување на Охридскиот договор.
– Не е во интерес на Албанците поделба на Македонаја, бидејќи нема ни како да се подели. Во интерес на Албанците е целосно применување на Охридскиот договор, изјави Ахмети.
На прашањето зошто не ја посети населбата Дива населба во Куманово, како што тоа го направил лидерот на СДСМ Зоран Заев, Ахмети вели дека тој направил се што било во неговите можности.
– Јас направиви многу за таа населба, и се чувствувам добро што ниту еден цивил не беше убиен во судирите, рече Ахмети, додавајќи дека не сакал да излезе пред жителите на Дива населба „бидејќи не сакал да биде навреден или изгушкан од некој“.

 
Ахмети вети дека ќе се залага да му се помогне на настраденото население во таа населба.

 

 

 

Извор: Нова Македонија 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*