Од засега непознати причини денеска рано изутрина, на паркинг просторот на улицата “Димче Лахчански“ во Битола опожарени се дури три патнички возила.
Најпрво од засега непознати причини било опожарено возилото “Фолцваген поло” со битолски регистерски таблички, а од него подоцна се запалиле уште две патнички возила, марка ауди “А 4” и “Хјундаи” исто така со битолски регистерски таблички.
Во СВР- Битола го потврдија опожарувањето на трите возила, но засега битолската полиција не излегува во јавноста со информација од што биле опожарени возилата.
Инаку во последно време палењето на автомобили во Битола стана редовна појава.
Иако кај некои возила до опожарување дошло наводно поради неисправна инсталација,сепак не е мал бројот и на опожарените возила од страна на некои “пиромани”.
Б.В.