Don't Miss
Home / Uncategorized / Бетониран каналот на патот Брод-Гнеотино

Бетониран каналот на патот Брод-Гнеотино

Каналот  за атмосферски води покрај патот Брод – Гнеотино  кој беше срушен од поплавите е  бетониран.

Со подобрувањето на временските  услови  започнаа градежните работи на територијата на Општина Новаци .

Еден од претходно зацртаните проекти беше и бетонирањето на каналот за атмосферски води покрај патот  Брод – Гнеотино, кој беше оштетен од минатогодишните невидени поплави кои ја зафатија оваа пелагониска општина.

-Започнавме со реконструкција на регионалниот патен правец Брод – Гнеотино, кој беше оштетен на некои места, кои беа погодени од поплавите кои минатата година ја зафатија Општината Новаци. Истовремено со реконструкцијата на патот се врши и бетонирање на каналот за атмосферски води. Вредноста на овој проект изнесува близу 5 милиони денари ,а средствата ги обезбедивме од општинскиот буџет – рече  градоначалникот  на  Новаци, Лазар Котевски.

Паралелно со бетонирањето на каналот за атмосферски води  Брод- Гнеотино  се добетонира и 10-тиот канал во Новаци, а вредноста на овој градежен зафат изнесува 2,6 милиони денари , средства од Буџетот на Општина Новаци.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*