Во организација на Националната установа Завод и Музеј Битола, во рамките на проектот “Граѓански иновативни скулптури” се одржа симпозиум на тема “Европски симпозиум за партиципативно и експериментално учење во културата преку употреба на дигитални медии.
На симпозиумот присуствуваа експерти од повеќе универзитети и музеи од Шведска, Данска, Финска, Норвешка, Германија, Полска, Хрватска и Македонија, како и претставници на повеќе невладини организации и преставници на локалната самоуправа.
За време на тридневниот симпозиум од страна на меѓународни и домашни уметници и архитекти беа презентирани повеќе од 30 креативни решенија и идеи во 3Д анимација, за уредување на градот.
Симпозиумот беше одлична можност за разменување на искуства и продолжување на соработката со меѓународните експерти во идни проекти.
Инаку, симпозиумот се одржа како дел од програмата “Креативна Европа”, поддржан од Европската Унија, а во соработка со Гаус Институт.
Б.В.