Don't Miss
Home / Uncategorized / Младинско-културен центар во општина Новаци по современи стандарди

Младинско-културен центар во општина Новаци по современи стандарди

По целосната реконструкција на објектот за кој се погрижи општина Новаци, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го промовираше опремувањето на младинскиот културен центар во Новаци.

Центарот за развој на Пелагонискиот регион  со поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој  изврши комплетно уредување на просториите во  младинскиот центар.

Вкупната вредност на проектот изнесува нешто повеќе од два милиони и 500 илјади денари.

Во целокупната инвестиција  е вклучена и општина Новаци со учество од 18 проценти.

Младинскиот центар е опремен со најразличен канцелариски инвентар и се она што е потребно за во иднина  непречено да функционира  и да се реализираат најразлични активности, настани, проекти, кои ќе придонесат за унапредување на социјалниот  и културниот живот во општина Новаци.

13124528_1293500267344421_3646728194585851430_n 13164205_1293500587344389_3994877707341109171_n

-Со уредувањето на младинскиот културен центар се обезбедуваат услови за реализација на настани од различен тип: културни, едукативни, забавни настани и собири. Младинскиот-културен центар ќе претставува катче за социјализација и креативно дружење на младите, но истиот ќе биде погоден и за различни настани наменети за сите возрасни групи на граѓани од општина Новаци. Со опремувањето на Младинскиот-културен центар се обезбедуваат услови за активирање на младите во различни активности, настани и проекти кои ќе придонесат за унапредување на социјалниот и културниот живот во Општина Новаци- изјави Емилиа Ѓероска директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Наскоро се очекува Младинскиот- културен центар и свечено да биде пуштен во употреба. Дотогас ќе се знае и кој се ќе може да ги користи просториите и што се ќе може да се организира во нив.

-Порано оваа зграда беше целосно руинирана, сега доби комплетно нов лик. Центарот ќе можат да го користат сите заинтересирани страни, невладини организации итн. Долниот кат  од оваа установа се деловни простории кои што општина Новаци планира да ги издава. Општина Новаци инвестира во овај проект пет милиони и 800 илјади денари, а го доби на користење од УЈП со потврда од Владата на Република Македонија-  изјави градоначалникот на Општина Новаци,  Лазар Котевски.

Младинскиот-културен центар во Новаци е еден од десетте  проекти кои минатата година беа одобрени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој во Република Македонија, а чиј апликант е ЦРППР.

Вкупната вредност на сите десет  проекти изнесува еден  милион евра.

 

Б.В.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*