Фудбалерите на Пелистер, со победата над Хоризонт Турново на стадионот “Ѓорче Петров” во Скопје од 2:1, во рамките на бараж натпреварите се на чекор до пласманот во Првата фудбалска лига.
На стадионот “Ѓорче Петров “ Хоризонт Турново поведе со 1:0 уште во 4 минута, со голот на Сашко Пандев.
Но фудбалерите на Пелистер, водството на домаќините не ги исплаши.
Во 23 минута, со голот на Благојче Марковски, Пелистер израмни на 1:1, за да шест минути подоцна, Марковски го доведе Пелистер во водство од 2:1.
Екипата на Хоризонт Турново по само две минути игра во вториот дел од натпреварот, по досудениот пенал на судијата Јосип Бартон, имаше шанса да го израмни резултатот, но ударот на Пандев од белата точка, голманот на Пелистер Пашовски го одбрани.
Реванш натпреварот со Хоризонт Турново се игра в недела, на 29 мај исто така на стадионот” Ѓорче Петров “ во Скопје со почеток во 16 часот.
Во случај на нерешен резултат се изведуваат пенали.
Б.В.