Со спектакуларниот концерт на групата “ Фонтана “, насловен “ Ноќ спроти Илинден “ и промоцијата на нивниот нов албум “ Македонски непокор “, на кој настапија бројни музички ѕвезди од македонската естрада и настапот на неколку фолклорни групи и културно-умeтнички друштва од земјата и странство, на отворената летна сцена, на преполнетата Хераклеја, како и врачувањето на фестивалските награди, по четири дена во Битола беше спуштена завесата на годинашното, 46. издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови”.
Со одлука на стручното жири, за најуспешна група на фестивалот во Битола, на кој годинава учествуваа над 1.200 учесници во категоријата на фоклорни групи кои презентираа традиционална музика и игра е пргласен фолклорниот ансамбл „Китка” од Истибања.
За најуспешна група во категоријата на староградска музика и игра прогласени се членовите на КУД „Далги” од Охрид,а за најуспешна вокална изведба награда доби КУД „Вера Јоциќ” од Македонска Каменица.
Со одлука на стручното жири за најуспешен автор, што подготвил сценска адаптација на фестивалот беше прогласен Валентин Соклевски од Битола, за сценската адаптација „Охридски староградски игри” во изведба на КУД „Илинден”-Битола.
Инаку, на годинашниот фестивал “Илинденски денови” според сите присутни и учесници, беше еден од најуспешните одржани досега.
Во рамките на фестивалот се одржаа и бројни придружни манифестации, како и ревија на народни носии.
Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови” е член на ЦИОФФ Светската асоцијација на фестивали.
Б.В.