Don't Miss
Home / Свет / Њујорк: Полицијата трага по осомничени и по мотив

Њујорк: Полицијата трага по осомничени и по мотив

Повеќе од 24 часа по експлозиите во Њујорк, во кои беа повредени 29 лица, камерите за надзор покажале исто лице во близина на местото на експлозијата и на друга локација неколку блока подолу, каде што била пронајдена експлозивна направа, објави Си-ен-ен.

Сѐ уште нема уапсени.

Во истрагата полицијата го запре сообраќајот на еден од градските мостови.

– Го запревме сообраќајот на градски мост за да се претресе еден автомобил, но немаше основа за апсење и никој не е засега обвинет – изјави Кели Лонгмесер, портапролка на ФБИ.

До овој момент не е познат ниту мотивот за нападот.

Експлозијата се случи во квартот Челси на њујоршки Менхетен. Од 29-те повредени лица 26 се пуштени на домашно лекување.

Покрај бомбата што експлодирала, биле пронајдени и четири темпирани експлозивни направи, кои останале недетонирани, наведоа од Обвинителството во изјава за Си-Ен-Ен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*