Раст на економијата од 2,4 отсто во третиот квартал објави статистика.
Најдобри резултати генерира секторот технички научни стручни услужни дејности каде е регистриран раст од 10,9 отсто и во градежништвото од 10,3 проценти.
Во секторот комуникации и инфромации има зголемување од 5,6 отсто. Финалната потрошувачка кај домаќинствата чие учество во структурата на БДП е 64 отсто бележи номинален пораст од 5,3 проценти.
Сепак во споредба со претходниот кварал има благ пад на БДП што главно се должи на политичката криза која подолг период е присутна во земјава.
Граѓаните ги повлекуваа штедните влогови од банките, фирмите се воздржаа од нови инвестиции. По завршување на изборите се очекува раздвижување на целокупниот бизнис.
Во третиот квартал регистриран е и зголемен извоз од 13,3 отсто и увозот за 11,1 процент.