Бидете среќни и горди, испишавте историја, јас се гордеам со вас. Македонија е горда земја, среќна земја. Ги чекаме резултатите, трендовите можат само да растат, затоа треба да се радувате, падна режимот, победи животот – порача лидерот на СДСМ Зоран Заев, обраќајќи се пред присутните пред Владата на Република Македонија.
– Ова се историски моменти, покажавме дека со многу трпение и посветеност, му покажавме на цел свет, ставивме печат на оваа наша мултиетничка Македонија. Ова што го постигнавме, мирен и изборен ден, со најмодерното оружје на 21 век – пенкалото во раце, победивме режим! Од денеска Македонија отвора нова страница добри перспективи и нова иднина за живот на сите нејзини граѓани, денес победиме единствено и сплотено, да живее Македонија – рече Заев.
Тој им се заблагодари на сите граѓани на Македонија, искористувајќи ги зборовите: „Леле, леле што направивме“.