Последните зборови на членовите на посадата на рускиот воен авион, кој се урна во неделата, укажуваат дека леталото имало проблем со делови на крилото.
На снимките од црните кутии може да се слушне како капетанот Роман Волков неколку моменти пред губењето на сигналот зборува „проклети заткрила“, како и глас на еден од членовите на екипажот, кој извикал „команданте, ние паѓаме“, пренесува „Русија денес“. Агенцијата ТАСС исто така наведува дека во задниот дел на авионот имало уште две црни кутии, кои сѐ уште не се пронајдени.
– Главните напори на нуркачите се насочени на потрагата на деловите од опашката на авионот, каде што се сместени црните кутии. Овие делови сѐ уште не се пронајдени – пренесува ТАСС.
Претходно, спасувачките екипи го пронајдоа снимачот на разговорите од пилотската кабина, кој е испратен во Москва на декодирање, кое би можело да потрае и повеќе недели.