Don't Miss
Home / Колумни / Безвластие

Безвластие

 

 

Македонија е како Белгија. За тие кои заборавиле да ги потсетиме кога пред неколку години, поради несогласувања на политичките партии, Белгија не можеше да состави влада дури повеќе од две години.

Цели две години и повеќе им требаше на политичките лидери на Белгија да ги надминат своите суети и да ги усогласат недорзабирањата околу составувањето на новата влада.

Деновве и Македонија се наоѓа во слична ситуација.

Иако раката на срце Македонија сега, за разлика од Белгија тогаш, сеуште има време да  добие нова влада, сепак како што стојат работите по се изгледа уште долго време ќе чекаме Република Македонија да добие нова влада.

Откако по бројот на предвремените парламентарни избори Македонија од пред неколку години ја надмина и Италија, каде Италјанците одеа на избори речиси секоја година,  последните години Македонија почна да наликува на Белгија.

Дури и најголемите поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ заборавија кога нивниот лидер Никола Груевски ја напушти  барокната зграда на Илинденска, а и од кога секретарот на партијата, Емил Димитриев е технички премиер.

Македонија веќе повеќе од една година е со техничка влада, која ги извршува само техничките работи кои со законот за влада им се допуштени.

И додека со (не)функционирањето на централната власт донекаде граѓаните на Македонија веќе се навикнаа и се прилагодија, од понеделникот Република Македонија влезе во нова криза, која може да предизвика уште поголеми последици по граѓаните.

Имено во понеделникот и официјално им заврши мандатот на актуелните градоначалници и советници, така што од пред два дена во општините владее најблаго речено безвластие, во кое не се знае ни кој пие ни кој плаќа.

Од таквото (не)функционирање на Владата, граѓаните на Македонија веќе ги чуствуваат последиците.

Тоа што политичарите не можеа да го решат со годни сега се обидуваат да го решат во само два -три дена, барајќи од сеуште официјално непризнатиот и како што велат од ВМРО ДПМНЕ нелигитимниот претседател да свика седница на Парламентот и под итно да  се  донесат  измени на законот  со кој ќе се регулира работата на градоначалниците и советниците.

Водени  од рекламниот слоган на Скопска пивара “Скопско и се е можно”  од парламентот кој  од  настаните на 27 април сеуште не е опоравен,  се бара итно решавање на проблемот со градоначалниците, бидејќи доколку не се решел овој проблем, едноставно животот во градовите ќе застанел и општините во Македонија  не ќе можеле да функционираат.

При апелот да се реши проблемот со истекот на мандатот на локалните самоуправи намерно или не, се заборава дека како е можно еден нелегитимен парламент на чие чело седи   нелигитимен претседател да свикува седница на која ќе се расправа за донесување на измени на Законот за локални избори.

Но кај нас политичарите се како свештениците. Тие постојано проповедат вода, а пијат вино.

Тие сите овие години покажаа дека се единствено доследни во својата недоследност.

Откако (не)ја решија кризата во државата со сотавување нова влада, сега политичарите се обидуваат да ја решат кризата  со локалната самоуправа, притоа заборавајќи да и објаснат на јавноста поради што и поради кои Македонија се најде во ситуација да биде единствена држава во Европа без централна и локална власт.

Иако многумна сметаат дека ваквото (не)функционрање на државата скапо ќе ја чини Репулика Македонија, сепак има и такви кои тврдат дека Македонија без власт подобро функционира  и дека токму ваквото безвластие во моментот најмногу и одговара на граѓаните, бидејќи се стопирани сите тендери и проекти кои и те како скапо  ги чинеа нив.

Сега во страв од неизвесноста, кој ќе биде на власт, а кој опозиција, и политичарите се исплашени и не се охрабруваат да ги задоволат своите лукреативни страсти и клептомански желби и апетити.

Сега, кога нема власт за извесно време се стопирани сите големи проекти и сега властите, како на централно, така и на локално ниво бараат само начин и спас како  да ги сервисираат потребите на државните служби и државните службеници, во кои најмногу се вработени партиските војници.

Тие во моментот се загрижени како да ја решат само нивната судбина, бидејќи доколку не се решела кризата со локалната самоуправа не ке можело да се прават свадби, венчавки, а немало да има плати и за вработените…  т.н.

Притоа никој не зборува како со ваквото безвластие  и (не)функционирањето на централната и локалната власт ќе  се справат приватните компании, кои уште пред неколку години ги чуствуваат последиците не само  од политичката, туку и од економската криза.

Никој во моментот не се грижи за тоа како приватниот сектор ке (пре)живее. Или  кај нас  како да стана правило  државата  да  води сметка  само за државниот сектор и за никој друг.

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*