Home / Политика / Заев: Нема да има реваншизам

Заев: Нема да има реваншизам

Лидерот на СДСМ и единстевн кандидат за претседател на партијата, Зоран Заев  на  Конгресот пред делегатите во својот говор вети солидарно општество, подобар живот, одговорност, крај на поделбите. Заев во обраќањето на 22 партиски конгрес кој денеска се одржува во скопскиот хотел Александар Палас рече дека ќе се фокусира на она што зближува, а не на тоа што разделува.

То вети солидарно општество, без реваншизам, департизација, поголеми работнички права, аргументи, а не лажни вести. Западните вредности се наши стратешки определби, а наши партнери се Европската унија и НАТО, додаде Заев.

“Влогот е превисок, да не дозволиме да не поведат ниски политички страсти или нефер ривалства, без разлика дали меѓусебе или кон нашите политички противници” рече Заев.

Тој побара од партиското членство да бидe одговорнo пред граѓаните преку отчетна работа, да остане меѓу луѓето за да знаат како живеат.

По него во отворениот дел од конгресот се обратија претставници на сестринските европски партии. Потоа следуваше затворен дел на кој ќе треба да се избере претседател, заменик претседател, членови на централниот и на надзорниот одбор.

На конгресот се присутни и претставници од други македонски политички партии, меѓу кои и делегација од Беса предводена од претседателот на партијата Биљаљ Касами, делегација од ДУИ и други.

Б.В

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*