За мене доаѓањето во Битола подразбира дишење, но исто така и сонување, затоа што имате извонредно минато, извонредно културно наследство и би сакал тоа културно наследство уште повеќе да биде истакнато. Во рамките на таа децентрализирана соработка која ние ја водиме има голем број на идеи кои се отворени и сакаме да продолжиме да делуваме на таа област, затоа што надвор од блокадата, која постои на централно ниво, Македонија изобилува со голем број на идеи, елан и талент, каде што може да спроведуваме голем број проекти. Мене честопати ме прашуваат што може да и донесе и помогне Европа на Македонија, но мислам дека треба и поинаку и обратно да си го поставиме прашањето што може Македонија да и даде на Европа. А верувајте има што да понуди.
Ова го изјави во интервјуто за Битолски весник, амбасадорот на Франција во Република Македонија Кристијан Тимоние.
Битолски весник: Ваша екселенцијо, Дозволете најпрво да Ве прашам како Вие како амбасадор на Франција ја оценувате политичка криза во Република Македонија. Пред некој ден изјавивте дека Македонија ви изгледа како гребена плоча и дека вие не сакате да придонесете за нови гребења. Што сакавте да кажете со таквата изјава?
Кристијан Тимоние: Кога пристигнав во Битола состојбата беше блокирана, а состојбата е блокирана и денеска кога го правиме интервјуто. Истите политички партии, истите говори ги држат, а ние на европско ниво веќе реагиравме за време на посетата на госпоѓата Федерика Могерни. Затоа кажав дека состојбата наликува на изгребена плоча, затоа што навистина состојбата останува блокирана и ќе мора да се излезе од таквата состојба, имајќи го во предвид пред се националниот интерес. Но исто така и за регионалниот и европскиот интерес, затоа што една “болна” Македонија е уште поголем проблем за Европа и затоа ние се интересираме за неа.
Б.В: Според Вас, кој е “рецептот” за надминување на политичката криза во Република Македонија?
К.Т: Не е на мене да давам рецепти на Македонците, туку самите тие треба да си го најдат рецептот во Уставот. Но има е еден многу едноставен рецепт кој се нарекува демократија и како што велеше Черчил демократијата е можеби најлошиот систем, но само ако се исклучат сите други.
К.Т: За мене доаѓањето во Битола подразбира дишење, но исто така и сонување, затоа што имате извонредно минато, извонредно културно наследство и би сакал тоа културно наследство уште повеќе да биде истакнато. На пример местото каде што ние сега се наоѓаме и го правиме ова нтервју во “Хотел Театар”, навистина е одличен пример за сето она што можеме да го направиме за истакнување на културното наследство.
Уште повеќе сме трогнати затоа што нашата почесна конзулка Калиопи Кривашија Стилиновиќ, навистина е неуморен борец за поголемо зачувување на културното наследство, која што уште повеќе ја поттикнува соработката за зачувување на културното наследство со тоа Здружение на градови со историја и уметност, кои ќе одржат голем престоен конгрес на 8 и 9 јуни во Битола. И за нас соработката за унпаредување на туризмот, но исто така и за туризмот на сеќавање е значајна работа која амбасадата сака уште повеќе да ја унапреди.
Во рамките на таа децентрализирана соработка која ние ја водиме има голем број на идеи кои се отворени и сакаме да продолжиме да делуваме на таа област, затоа што надвор од блокадата, која постои на централно ниво, Македонија изобилува со голем број на идеи, елан и талент, каде што може да спроведуваме голем број проекти. Ние сакаме истите да ги поврземе со француските таленти,затоа што тоа е обврска на амбасадата и тоа го правиме со голема симпатија и големо задоволство. Затоа што кога ја посетив црквата од Курбиново почуствував дека таму почива дел од европското културно наследство кое таму сеуште живее. И треба Македонија да знае тоа да го сподели со сите други европејци. Мене честопати ме прашуваат што може да и донесе и помогне Европа на Македонија, но мислам дека треба и поинаку и обратно да си го поставиме прашањето што може Македонија да и даде на Европа. А верувајте има што да понуди.
Б.В: Но политичарите во Македонија различно го читаат Уставот.
К.Т: Во рамките на Уставот кога има различни интерпретирања и сомнежи постои простор за конуслтација. Во Франција во такви случаи ние секогаш се обраќаме до Уставниот совет. Но сепак во земји каде што постои зрела парламентарна демократија пред да стигнеме да бараме совет и толкување од Уставниот совет постои широко мнозинство кај политичките партии, кои се обидуваат да постигнат заедно согласност. Госпоѓата Федерика Могерини , која е Италјанка, а која е специјалист по парламентарна демократија деновиве го истакна тоа и едноставно кажа, мнозинство си е мнозинство. Мислам дека токму од таа појдовна точка треба да тргнеме. Потоа, Македонија има свои специфични проблеми што сите може да ги разберат. Постои во Македонија и посебна историја и институционална и уставна историја која е посебна. Но ваков тип на прашања се појавуваат и на други места. Но тоа што не се случува на други места е толку долго време траење на блокадата, особено во состојба каде економските и социјалните прилики налагаат брзо решавање на состојбите.
Б.В: Кажете ни кои се причините што во последно време кај дел од македонските граѓани и актуелната власт се создава мислење дека Вие дипломатите од земјите на ЕУ, каде демократијата е пред се и над се, премногу се мешате во внатрешните работи на Република Македонија и тоа што Вас власта ве доживува како дел од кризата, а не дел од решението.
К.Т: Од она што можам јас да го разберам кај сите политички партии постои согласност по едно прашање. Сите посакуваат интеграција и во ЕУ и во НАТО, а кога сакаме да влеземе во еден клуб, треба барем да се сослушаат малку оние кои се веќе во клубот.
Б.В: Дали Вие лично себеси се доживувате како дипломат кој се залага за решавање на кризата или за продолабочување на кризата во Република Македонија?
К.Т: Нашето пријателство кон Македонија ќе кажам како француски дипломат е реално. Првото поглавје од нашите инструкции кои ги добив при доаѓањето овде беше да помогнам во зајакнувањето на Македонија.
Б.В: Како Вие го коментирате тоа што и по неколку добиени препораки за влез во ЕУ сеуште Република Македонија е блокирана од Грција за почеток на преговорите.
К.Т: Се разбира дека таа состојба е доста штетна за Македонија. Тоа е резултат на една криза која се појави веднаш по објавувањето на независноста на Македонија, кои што поттикнаа одреден број на чувства и размислувања кои се одамна и тоа треба да се набљудува од една подалечна перспектива, поврзана со историјата, но исто така и да се обидеме и да ја надминеме. Треба двете земји да најдат заеднички прифатливо решение. Веќе една целокупна работа беше спроведена од страна на двајцата министри за надворешни работи на двете земји кои постепено направија по неколку дискретни чекори нанапред, но кои се важни.
Но низ секојдневниот живот меѓу двете земји, особено вие тоа во Битола го знаете, дека односите се одлични. Сега ќе треба да се направи нов чекор. Франција кон двете земји негува симпатии, но сепак Франција не може да се стави на нивното место. Единствено ние што сме засегнати е решението кое ќе биде постигнато да биде прифатено и од јавното мислење на двете земји и од големите политички партии на двете земји. Во оваа област голема улога можат да одиграат медиумите, затоа што медиумите досега доволно правеа за поттикнување и разгорување на пламенот, но медиумите во двете земји треба да извлечат поука од таа состојба. Сепак и нивна задача е да ја одиграат улогата, или да се најде решение, или тоа да го направат прифатливо решението.
Б.В: Како е можно кога во најголемиот број од земјите на ЕУ функционира парламентарната демократија одлуките во Брисел да се донесуваат со консензуз, кој очигледно ги кочи процесите за донесување на одлуки.
К.Т: Комплицрана е машинеријата од Брисел, затоа што одредени одлуки се носат со квалификувано мнозинство, а други одлуки се носат со консензус. Треба да сфатиме дека оваа Европска изградба почива врз државите и ако една држава оцени дека нејзините витални интереси се загрозени, Европската унија не е сепак Варшавскиот пакт. Сепак државите во најголема мера остануваат суверени,освем нели ако не одлучат поинаку. Системот нели евалуира, затоа што сепак има еден составен дел кој се повеќе добива на тежина, а тоа е парламентот. Станува збор за комплексен систем, затоа што ја имате од една страна Европската комисија, од друга страна го имате Европскиот совет и го имате Европскиот парламент. Играта е комплицирана, коишто можат да предизвикаат понатаму блокади. Но сепак кога е донесена одлука, кога истата ја следат и спроведуват сите, тоа ја прави Европската унија еден вид на солиден систем.
Б.В: Дали не е време за менување на таквиот начин на одлучување, кога станува збор за решавање на спорот со Грција,кој може да доведе до понатамошно продлабочување на кризата во ЕУ.
К.Т: Првиот консензус кој треба да се најде е консезнус помеѓу Македонија и Грција.
Б.В: Господине амбасадоре. Дали Франција е опоравена од терористичките напади кои ги доживеа во изминатиот период, почнувајки од убиството на новинарите од Весникот “Шарли ебдо”?
К.Т: Терористичката закана за Фарнција сеуште е вистинска опасност поради борбите кои се водат во Сирија. Денес ние живееме со таа закана која стана секојдневна практика. Последицте се сепак очигледни, но мораме да признаеме дека се ефикасни затоа што научивме поинаку малку да живееме, можеби не толку спокојно како во Битола, но тоа е цената која треба да ја платиме кога живееме во голем меѓународен главен град каков што е Париз, или Лондон, Берлин.
Б.В: Како во Франција функционира демократијата и во ситуација кога во земјата веќе подолго време е воведена вонредна состојба.
К.Т: Вонредната состојба воспостави посебна правна состојба и затоа постои консензус од сите политички партии, кој треба да постои во сите области, таму каде што постои реална закана од террстички напади, без притоа да се ставаат во опасност сите други слободи како на пример слободата за протестирање, слобода на која Фрнцузите се многу приврзани, кои воопшто не се лишуваат од таа слобода. Но навистина тоа сепак преставува голем број на отворени прашања, особено за луѓето кои сакаат да се здобијат со престој во Франција.Но сепак тоа е нормален дел од една демократија, да има дебата.
Б.В: Дали со воведувањето на таквите мерки се загрозени човековите права на Французите?
К.Т: Со вонредната состојба, која е воведена во Франција може да кажеме дека постои своевидно ограничување на човековите права, правата на човекот, затоа што сепак има одреден број на судски жалби кои постојат, затоа што сепак адвокатите на тие лица кои се наоѓаат во своевиден притвор доста искажуваат поплаки кон тој систем. Но јавното мислење во Франција сепак е благонаклонето за продолжување на вонредните мерки. И најверојатно новата влада на Франција ќе треба да направи своевиден биланс за тоа колку е корисно спроведуавњето на тие мерки.Вонредната состојба е помошна алатка која треба да даде одговор на посебна состојба која претходно не беше предвидена. Дали можеби треба да се прибегне кон некоја посебна алатка, најверојато, но и за тоа ќе биде потребна претходна дебата во Парламентот со новиот парламентарен состав, затоа што во моментот постои решение, но секогаш треба да се обидуваме да најдеме уште подобро решение. Но досега вонредната состојба не предизвикала никаков скандал од областа на човековите права.
Б.В: Како Вие како амбасадор на Франција ја доживувате Битола?
К.Т: За мене доаѓањето во Битола подразбира дишење, но исто така и сонување, затоа што имате извонредно минато, извонредно културно наследство и би сакал тоа културно наследство уште повеќе да биде истакнато. На пример местото каде што ние сега се наоѓаме и го правиме ова нтервју во “Хотел Театар”, навистина е одличен пример за сето она што можеме да го направиме за истакнување на културното наследство.
Уште повеќе сме трогнати затоа што нашата почесна конзулка Калиопи Кривашија Стилиновиќ, навистина е неуморен борец за поголемо зачувување на културното наследство, која што уште повеќе ја поттикнува соработката за зачувување на културното наследство со тоа Здружение на градови со историја и уметност, кои ќе одржат голем престоен конгрес на 8 и 9 јуни во Битола. И за нас соработката за унпаредување на туризмот, но исто така и за туризмот на сеќавање е значајна работа која амбасадата сака уште повеќе да ја унапреди.
Во рамките на таа децентрализирана соработка која ние ја водиме има голем број на идеи кои се отворени и сакаме да продолжиме да делуваме на таа област, затоа што надвор од блокадата, која постои на централно ниво, Македонија изобилува со голем број на идеи, елан и талент, каде што може да спроведуваме голем број проекти. Ние сакаме истите да ги поврземе со француските таленти,затоа што тоа е обврска на амбасадата и тоа го правиме со голема симпатија и големо задоволство. Затоа што кога ја посетив црквата од Курбиново почуствував дека таму почива дел од европското културно наследство кое таму сеуште живее. И треба Македонија да знае тоа да го сподели со сите други европејци. Мене честопати ме прашуваат што може да и донесе и помогне Европа на Македонија, но мислам дека треба и поинаку и обратно да си го поставиме прашањето што може Македонија да и даде на Европа. А верувајте има што да понуди.
Б.В: Кој дел од Битола најмногу ви се допаѓа?
К.Т:Ќе се изненадите од тоа што ќе го спомнам, но тоа не е дел од културното наследство. Тоа е француска инвестиција. Тоа е млакарата “Идеал Шипка”, каде пробавме едно старо сирење кое е извредно. Кога ја посетив оваа инвестиција бев пријатно изненаден од модерното функционирање на “Идеал Шипка” и динамизмот кој го поседува првиот човек на претпријатието, а кој е македонец и сите планови кои ги имаат за нови градби за зголемување на претпријатието. За нас тоа е многу важно. Исто така овде ги имаме и француските воени гробишта, место за кое сме приврзани. За нас Битола е навистина жив град и освем фабриката која посебно ја истакнав, сакам да го истакнама настанот кој се одржа во ОУ “ Климент Охридски “ каде што отворивме анкес на Француската алијанса, која добро функционира тука. Во ова училиште видов приредба која ја подготвија дечињата и морам да забележам дека имаат извонреден напредок, откако учат француски јазик, а учат само два месеци.
Мислам дека тоа е добра инвестиција како од самите родители така и од наша страна бидејќи со тоа ги подготвуваме утрешните европејци.
Б.В: Која е пораката до битолчани и граѓаните на Република Македонија ?
К.Т: Почитувајте го генералниот интерес, негувајте го генералниот интерес, надежта, градете ја Европа и Македонија да се обиде да ги зачува сите духовни богатства, но и добро согласување со сите заедници. Навистина со таков товар, што побрзо повторно да се најдете на патот кон Брисел. А кога ќе пристигнете во Париз секогаш ќе бидете добро пречекани.
М. Младеновски