На попладневната владина седница, на предлог на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) е избран Горан Николовски, а за директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Лазо Велковски.
Велковски со доаѓањето на Оливер Спасовски на министерската функција беше поставен за началник на СВР Скопје, а речиси целиот работен век го минува во МВР. Тој завршил Факултет за безбедност, а од март 1990 година е вработен во МВР, каде што најпрво работел во униформираниот, а потоа во цивилниот дел на полицијата. Бил и шеф на Градската управа за внатрешни работи Скопје-ГУВР.
Горан Николовски во моментот е началник на оддел во УБК.