Кривичниот суд Скопје одлучи да му го одземи пасошот на екс премиерот Никола Груевски наместо да му одреди 30 дневен притвор.
Кривичниот суд откако ги проби сите рокови пресече, нема притвор за екс-премиерот Никола Груевски и неговите блиски соработници Миле Јанакиевски, Гордана Јанкулоска, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски. Судот за нив одреди поблага казна, мерки на претпазливост или еднаш неделно да се јавуваат во судот, одземање на пасошот, забрана за издавање нов, како и привремено одземање на дипломатска патна исправа за оној кој ја поседува. За останатите 16 обвинети судот ги прифати мерките на претпазливост, а на четворица од нив им ги зема дипломатските пасоши. СЈО има право да се жали на одлуката до Апелација.