Don't Miss
Home / Uncategorized / Адвокатите бараат предметот “ Транспортер “ да се суди во Битола

Адвокатите бараат предметот “ Транспортер “ да се суди во Битола

Адвокатите кои ги бранат обвинетите во случајот “ Транспортер “ бараат судскиот процес да се суди во Битола.

Ваквото барање тие веќе го доставиле до Врховниот суд на Македонија, дознава Нова Македонија.

Причината за тоа е  што во овој случај се обвинети дури  22 лица, а поради тоа што сите  тие се  жители на Битола трошоците за нивната одбрана се мошне високи,  бидејки  секој обвинет за еден процес на адвокатите треба да им плати околу 1.000 евра за секое рочиште.

-Еден процес во Скопје обвинетите ги чини 22.000 евра. Досега се одложени две рочишта, но за тоа обвинетите ќе мора да платат дури 44.000 евра,  вели еден од адвокатите.

Поради тоа тие во името на обвинетите побарале предметот да се суди во Битола.

Дали ваквото барање ќе го прифати судот останува да се види.

Инаку судењето во “Транспортер” е закажано за 13 декември, а доколку и тогаш  се одложи следните рочишта ќе се одржат на 23,25 и 27 јануари идната година.

М.М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*