Комплетни личности сме. Испаднавме будали и во социјализмот и во капитализмот.
Се тепавме за крстот на Водици. Нема потреба, за сите ќе има по еден, еден ден.
Од како ја “избербатија” цела земја, на избори можат да ни понудат само мелни пелени.
Ексик историја, Гледај да не не вратат и нас пензионерите во прво одделение.
Не е точно дека има пратеници кои немаат уста отворено. Сите зејат во Собранието.
Политичарите ќе одат од куќа на куќа. Да побарам барем некоја посурова ластегарка.