Don't Miss
Home / Политика / Агим Нухиу е новиот министер за внатрешни работи

Агим Нухиу е новиот министер за внатрешни работи

Утрово се оддржа примопредавање на министерската функција во Министерството за внатрешни работи, по што сега министер е Агим Нухиу од ДУИ, кој досега беше заменик министер.

По објавените конечни резултати од предвремените парламентарни избори, мандатот на министерот Оливер Спасовски од техничката влада беше прекинат.

Овие измени се дел од Пржинскиот договор.

Освен на Спасовски, функцијата му престана и на дополнителниот заменик министер Оливер Андонов.

Престануваат и мандатите на началниците и службениците кои Спасовски ги менуваше во рамките на МВР.

Мандатот на Нухиу ќе трае до формирање на новата Влада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*