Don't Miss
Home / Македонија / Ако музичарите побараат, „Авалон“ ќе го тужи Град Скопје

Ако музичарите побараат, „Авалон“ ќе го тужи Град Скопје

По веста за откажената новогодишна прослава на плоштадот Македонија која ја организираше Градот Скопје, „Авалон Продукција“ се изјаснија дека ќе бараат обештетување доколку музичарите се одлучат на таков чекор.

„Авалон Продукција“ беше ангажирана во недостаток на сериозни финансиски средства со коишто досега се ангажираа скапи изведувачи од соседството, да организира дочек на Нова Година со македонси изведувачи, со скромниот буџет кој беше на располагање.  Под неверојатниот и нереален медиумски притисок, Градот Скопје попушти и одлучи да го откаже традиционалниот дочек на Новата Година на градскиот плоштад, веројатно сметајќи дека нема никаква пречка за тоа, поради фактот што не се ангажирани скапи артисти од соседството, туку македонски изведувачи, се вели во соопштението.

Дочек на плоштад на Нова Година се организира од хуманитарни причини и на тие дочеци доаѓаат луѓе коишто не можат да си дозволат друг тип на прослава за Новата Година.
Артистите ангажирани за таа Нова Година не се самите пријавени за настап, туку од нив е побарано да настапат на таа манифестација, притоа не водејќи сметка дека со тоа им се одзема можноста таа вечер да работат на некое друго место, се наведени како причини во соопштението.

– Кога е во прашање евентуална тужба, за која сопственикот на „Авалон Продукција“ Бобан Милошески пишува на неговиот приватен профил на Фејсбук, нашиот став е дека доколку од нас, од страна на сите ангажирани во овој проект биде побарано некакво обештетување, ние ќе мора да го бараме тоа обештетување од оној од кој што бевме агажирани, во случајов Град Скопје – велат од „Авалон продукција“
Доколку сите инволвирани во проектот сметаат дека не треба да бидат обештетени, продукцијата нема да го тужи градот Скопје и велат дека ова ќе остане запаметено како историски преседан, аматеризам и тотално понижување на тоа што значи македонски артист и тоа што значи професионалност.

Сите што требаше да учествуваат во оваа манифестација се докажани хуманитарци и нема потреба да се докажуваат на ваков начин.

Сите во своите екипи кои требаа да настапат на плоштад имаат музичари кои што се ангажирани вечерта и живеат од оваа работа, се објаснува во сопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*